тел: 075 337171075 203427075 304732

Услуги

 

Водење на деловно сметководство

Комплетен пакет на финансиски услуги кои се однесуваат на законските обврски за достава на обрасци до соодветните финансиски институции и потребите за водење на деловни финансии на ниво на мал и среден бизнис:

  • Финансиско сметководство
  • Материјално сметководство
  • Девизно работење
  • Изготвување годишни сметки и финансиски извештаи
  • Пресметка на плати
  • Пресметка на сите видови даноци
  • Персонална евиденција
  • Пријава и одјава на вработени
  • Изработка на бизнис план
  • Изработка на годишни даночни пријави
  • Изготвување на финансиски извештаи за интерни и екстерни корисници
 

Финансиска анализа

Тековно ги следиме промените на успешноста на Вашиот бизнис. Месечните параметри на реализираната добивка, Ве прават свесни за текот кој го има Вашиот бизнис и Ви пружаат конкретна и навремена информација за тоа колку сте реализирале од планираното.

Честопати овие показатели се занемаруваат. Она што се следи е само тековната наплата на побарувањата и состојбата на жиро-сметката. Сепак, преку суштинска анализа на Вашите месечни Биланси на Успех ке дојдете до сознанија кои можат сериозно да го сменат пристапот кон Вашиот бизнис и стратегијата на управување која ја користите.

Визуелниот метод (користење на графикони кои го следат текот на промените) е корисна метода за лесно распознавање на клучните точки на кои треба да се делува.

 

Информирање за даночните промени кои го засегаат клиентот

Како Ваш бизнис партнер на патот до успехот, се обврзуваме тековно (преку е-mail) да Ве известуваме за промените во законската финансиска регулатива кои ја засегаат Вашата дејност.

 

Редовни контакти со клиентот

Finance Pro е фирма која контактира непосредно со клиентот. Имаме развиена пракса на одржување на редовни состаноци со корисниокот на нашите услуги со кои ја унапредуваме нашата соработка и добиваме сознанија за насоката во која треба да се движи нашиот ангажман.

Состаноците се договараат согласно потребите на бизнисот на клиенот, но не поретко од еден во месецот.

 

Финасиски софтвер

Ажурниот пристап на водењето на финансиите подразбира соодветна алатка за обработка на податоците, која ке овозможи брз и точен податок кој навремено ви е на располагање. Во тој поглед, апсолутно професионално сме опремени и поддржани од деловниот софтвер Pantheon на Дата Лаб (www.datalab.com.mk)

Како официјални партнери на Дата Лаб Македонија, го користиме и промовираме нивното cloud решение Pantheon Cloud, кое во соработка со Македонски Телеком нуди низа погодности кои Вас, како корисник на нашите услуги ве носат на едно апсолутно повисоко ниво на соработка. Вие добивате:

  • 24 часовен пристап до вашите сметководствени параметри (on-line врска со сметководството)
  • безбедно чување на Вашите податоци на сервер кој е обезбеден во Македонски Телеком и обезбедува редовно back up (на секои 4 часа)
  • 0% можност за грешки во преносот на документацијата
  • софтверско решение кое во целост ке ги елиминира споредните евиденции кои се водат во секој мал бизнис надвор од сметководвството (листи со ненаплатени побарувања, жиро сметки на добавувачи, лагер листа на магацини....)

Целосниот концепт на Pantheon Cloud погледнете го на следниот линк

 

Правна помош

Повеќето сопственици на мали бизниси немаат многу време за ангажман околу она што значи финансиска дисциплина на нивните должници (наплата на задоцнети побарувања). Исто така, голем дел од правните дејствија кои ја засегаат нивната фирма подразбираат контакт со стручњак од правото, но и време кое треба да биде посветено на тој ангажман (регистрирање на подружница, внесување на нов партнер во бизнисот , изработка на соодветни договори за некој потфат, итн)

Нашиот концепт за комплетна бизнис логистика нуди, ангажирање околку овие проблеми. Надвор од редовните ангажмани кои подразбираат финансиска анализа и услуга, овој тип на ангажман се регулира со посебни услови за потребите на секој клиент поединечно.

Секако, Finance Pro, во овој домен користи услуги на реномирани професионалци од областа на правото со кои е во партнерски сооднос.

 

Едукација на кадри

Доколку во Вашиот бизнис имате вработено лице кое има образование од областа на економијата и финансиите , имате можност преку инвестиција во неговата работа да добиете комплетен кадар кој ке ги води Вашите деловни финансии. Finance Pro, во овој поглед, преку редовните едукативни средби и користењето на деловниот софтвер Pantheon, за одреден временски период (една или две финансиски години), може да биде едукатор на Вашиот вработен до негово целостно осамостојување и стекнување на законски воведените лиценци за работа од оваа област. За времето на траење на ваквата едукација, Finance Pro ке остане Ваш законски застапник на полето на редовната даночна регулатива.